Design a site like this with WordPress.com
Започни

Почетна

„Мала музичка енциклопедија“ е проект кој произлезе од книгата „Седумте Некоиси и седумте македонски композитори“ на авторите Бистра Георгиева и Александар Трајковски, со илустрации на Наталија Лукомска.

Но, бидејќи печатеното издание имаше друга намена, а впрочем, тоа не може да ги собере сите музички поими што би требало да ги откријат и научат младите читатели, издаваштвото ИД-Концепт и редакцијата на е-списанието „Чудна шума“ одлучи овој проект да го постави и на интернет и да му дозволи да си живее свој посебен живот.